Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска ја предупреди опозицијата дека ќе бидат превземени остри мерки против планираните протести во наредната недела на годишнината од претседателските избори на 12-ти јуни. Зборувајки по повод 21-та годишнина од смртта на ајатолахот Хомеини, Ахмадинеџат ги обвини противниците дека го напуштаат патот на Хомеини и оти се здружуваат со иранските најголеми непријатели.