Назарбаев нема да го потпише законот за привилегии на претседателот

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев,изјавил дека нема да го потпише контроверзниот нацрт закон со кој му се овозможува на претседателот да има посебни привилегии додека е жив. Минатиот месец, парламентот подготви а потоа и брзо го изгласа предлог-законот, според кој на "водачот на нацијата", ќе му се овозможи да ги задржи сите овластувања и тогаш кога ќе се повлече од функцијата. Нацрт договорот исто така му овозможува на Назарбаев имунитет во случај кога против него би имало истрага и го заштитува него, но и неговиот имот од конфискација.