Бразил гостуваше во Зимбабве

Репрезентацијата на Бразил одгра пријателски натпревар со Зимбабве. Победи со 3 спрема 0, со головите на Бастос, Робињо и Елано. На стадионот во Хараре присуствуваа околу 60 илјади гледачи, кои главно носеа жолти маици, односно беа во боите на Бразил. Меѓу гледачите беше и претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе, кој се поздрави со играчите на Бразил пред започнувањето на натпреварот. Владата на Зимбабве не соопшти колку им платила на бразилците да го одиграат овој пријателски натпревар, освен дека дале 40 насто од вообичаените трошоци, што исто така не е мала сума.