Уште еден брод со помош се движи кон Газа

Ирски брод со хуманитарна помош се движи кон појасот Газа и се надева дека ќе ја достави помошта овој викенд, но организаторите на помошта велат дека нема да се спротистават на изрелските сили. На бродот кој се движи кон Газа, има Ирци, вклучувајќи ја Мерид Маџир лауреат за Нобелова награда за мир и поранешниот помошник на генералниот секретар на ОН, Дени Хелидеј. Другите претставници се претежно од Малезија и Индонезија.