Московската администрација навредена од Жириновски

Денеска во Москва треба да почне сослушувањето во случајот против контроверзниот руски политичар Владимир Жириновски. 24 московски административци го тужат Жириновски за нарушување на угледот, затоа што во државната Дума изјави дека целата московска администрација, на чело со градоначалникот Јури Лужков треба да биде сменета, за да се искорени корупцијата во градот. Секој од тужителите бара оштета од 500 илјади рубљи, односно околу 14 илјади евра.