Премиерот на Турција ја откажа посетата на Аргентина поради споменик

Турскиот премиер ја откажа официјалната посета на Аргентина поради тоа што тамошните власти ги откажале плановите за церемонија на која требаше да биде откриен споменикот на основачот на современата турската нација, веројатно поради притисок од етничките Ерменци. Премиерот Реџеп Таип Ердоган требаше да се сретне со претседателот на Аргентина Кристина Кричнер во понеделник. Службеник во турското Министерство за надворепшни работи потврди дека посетата била оркажана поради тоа што властите во Буенос Аирес ја откажале церемонијата за откривање на споменикот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.