Џибао: Итно мора да се избегне конфликт меѓу Северна и Јужна Кореа

Премиерот на Кина Вен Џибао рече дека итно мора да се избегне конфликт меѓу Северна и Јужна Кореа. Кинескиот лидер ја даде забелешката кон крајот на дводневен самит на кој присуствуваа претставници од Јужна Кореа и Јапонија. Состанокот, кој се одржа во јужнокорејскиот остров Јеју, требаше да се фокусира на зајакнување на трговските врски меѓу трите земји, но инцидентот кој предизвика тензии во билатералните односи меѓу Северна и Јужна Кореа беше главна тема на разговор. Јужнокорејските власти го обвинугваат северот за потонување на јужнокорејски брод при што загинаа 46 морнари. Официјален Пјонгјанг, пак, ги отфрли обвинувањата.