Талибанците насилно влегле во државна зграда во Авганистан

Талибанските милитанти окупирале административна зграда во Авганистан, во близина на пакистанската граница. Новинската агенција „АФП“ јави дека милитантите од вчера ја обиколиле општинската зграда на провницијата Нуристан. Градоначалникот Јамалудин Балар изјави дека вработените се повлекле од објектот, откако вооружените напаѓачи се судриле со локалната полиција. За сега не се знае дали има загинати во инцидентот.