Парламентарното собрание на НАТО расправа за Западен Балкан

Денеска во главниот град на Летонија, Рига, продолжува заседанието на Парламентарното собрание на НАТО. На овој собир треба да биде разгледан Извештајот за политичко- безбедносната ситуација во регионот на Западен Балкан, 15 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.