Меѓународниот монетарен фонд денска одобри заем за Косово во износ од 110 милиони евра, со што се отвори патот за нови грантови во земјата. Премиерот Хашим Тачи изјави дека сто и десетте милиони евра ќе бидат пласирани „по многу поволни услови“. Во овој договор се вклучени и „ветените донации од Европската унија и Светската банка во износ од 210 милиони евра кои би требало да се исплаќаат во следниве три години“ потврди Тачи. Унијата и Светската банка претходно се согласија да ги исплатат донациите, под услов косовските власти да склучат аранжман со ММФ.