Ејпл вреди повеќе од Мајкрософт

Компанијата Ејпл го престигна Мајкрософт и стана најголема технолошка компанија во светот. По вчерашните промени на цените на акциите, вкупната вредност на Мајкрософт се проценува на 219 милијарди долари, додека Ејпл чини 3 милијарди долари повеќе.
Акциите на Ејпл сега вредат 10 пати повеќе од пред 10 години. Тоа најмногу се должи на успехот на нивните производи како Ајпод и Ајфон.
Ејпл е производител на компјутерите Мекинтош. Според проценките, 90 отсто од компјутерите во светот ги користат оперативните ситеми на Мајкрософт.
Последен пат, Ејпл вредел повеќе од Мајкрософт на крајот на 1989 година.