Италијанската влада ги одобри мерките за штедење

Италијанската влада ги одобри кратењата во буџетот за 24 милијарди евра, како дел од мерките за обновување на довербата на инвеститорите и за избегнување на финансиска криза како во Грција. Целта е буџетскиот дефицит на Италија од 5,3 насто во 2009-та година, да се сведе на 3 насто од бруто домашниот производ до 2012-та година. Меѓу мерките за штедење се и замрзнување на вработувањата и платите во државниот сектор, како и поголема даночна дисциплина. Слични мерки за штедење се воведени и во Шпанија и Португалија.