Во Белата куќа средба Косор- Бајден

Хрватската премиерка Јадранка Косор, која престојува во САД, синоќа во Белата куќа имаше средба со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. По средбата, Косор изјави дека Загреб ја има целосната поддршка од Вашингтон за завршување на пристапните преговори со ЕУ, во борбата против корупцијата и за програмата за економско заздравување. Станало збор и за евроатланскиот пат на земјите од регионот, особено за Босна и Херцеговина, како и за учеството на хрватските сили во мисијата во Авганистан.