Клинтон: Договорот меѓу Иран и Турција е транспарентен трик

Договорот кој Иран го постигна со Турција и Бразил е „транспарентен трик“ на исламската република за избегнување на нови санкции од Обединетите нации, изјави денеска американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Договорот, кој предвидува испраќање на дел од иранскиот збогатен ураниум во Турција во замена за гориво за реакторот во Техеран, не ја намалува загриженоста на меѓународната заедница, додаде Клинтон. Еден ден откако Турција и Бразил го промовираа договорот со Иран, Соединетите американски држави, заедно со своите сојузници, го презентираа предлогот за нови санкции против исламската република поради нуклеарната програма на официјален Техеран.