Грција ќе се опорави догодина?

Грција ќе излезе од рецесијата до крајот на 2011 година, кога преземените мерки за строго штедење ќе дадат резултати, изјави денеска министерот за економија Лука Кацели. „Во моментов е важно напорно да работиме за по неколку години да не се зборува за грчкиот проблем, туку за грчкото чудо“ рече Кацели во интервју за економското издание на „Нафтемборики“. Според прогнозите, во 2010 година грчката економија ќе се намали за четири проценти, што дополнително ја усложнува тешката задача на владата до 2014 година да го намали буџетскиот дефицит од сегашните 13,6 проценти на под 3 проценти од Бруто домашниот производ.