Продолжен полицискиот час во Банкок

Властите во Тајланд го продолжија полицискиот час во главниот град на земјата и во неколку други градови за уште неколку дена. Премиерот Абхисит Вејајива изјави дека овој пат, полицискиот час ќе почнува подоцна, во 11 попладне а ќе завршува порано, во 4 наутро. Тајландските власти одлучија да го ограничат движењето во попладневните часови во средата, за време на насилните протести на приврзаниците на опозицијата, популарно познати како „црвените кошули“. Во меѓувреме, градските власти во Банкок денеска ги чистат улиците по судирите меѓу црвените кошули и вооружените сили во кои загинаа најмалку педесетмина. Предвидено е повторно отворање на училиштата и јавните установи. За време на нередите повеќе од 40 згради беа запалени а повеќе од 1,000 стопанственици пријавиле материјални штети.