Конференција за Сомалија во Истанбул

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун допатува на конференција во Истанбул на која ќе се расправа за ставање крај на анархијата во Сомалија и за воспоставување функционална влада. На конференцијата ќе стане збор и за иницијативите за обнувување на приватниот сектор во Сомалија и отворање работни места. Во Сомалија со години се води граѓанска војна, а земјата стана база и за пиратите кои напаѓаат комерцијални бродови на африканското крајбрежје.