Илјадници жители на Грциja денеска протестираат во центарот на Атина во знак на незадоволство од строгите економски мерки на Владата во замена за договорената помош од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд. Неофицијално, протестот е оценет како тест на одлучноста на Владата да ги исполни строгите економски реформи. Околу 10.000 вработени во државниот и приватниот сектор протестираа пред грчкиот Парламент. На денешниот 24-часовен штрајк Генералната конфедерација на трудот „ГСЕЕ“ и Федерацијата на државни службеници „АДЕДИ“ им се придружија и вработените во градскиот транспорт и железниците во Грција. „Работниците, пензионерите и невработените одбиваат да плаќаат за грешките на владата и погрешното водење на економијата", пишува во протестната петиција, која дел од демонстрантите ја потпишаа и ја доставија до претставник на грчкото собрание.