Де Лара: Картата на ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан

Самитот во Сараево на ЕУ со земјите од Западен Балкан што ќе се одржи во јуни по иницијатива на шпанското претседателство со Унијата, ќе го забрза процесот на евроинтеграции, изјави претставникот на Шпанската амбасада во Скопје Марија Ангелес Гарсија де Лара. Шпанија за време со претседателството на ЕУ организираше повеќе самити, но не заборави дека наш прв приоритет е eвропскиот континент, а картата на ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан рече де Лара на отворањето на конференцијата на тема „Европа кон Лисабонскиот договор“ во Скопје.