Медведев - Корупцијата е закана за безбедноста

Рускиот претседател Дмитриј Медведев, на средба со претставници на граѓанското општество во Москва, оцени дека корупцијата на Северен Кавказ е закана за безбедноста на целата земја. Тој изјави дека корупцијата станала „апсолутно неконтролирана“ и оти тоа директно им помага на „сепаратистите и убијците“ во регионот.