Почина директорката на Заводот за рехабилитација која беше избодена со нож

Директорката на Заводот за рехабилитација во Козле, Лилјана Груевска Угриновска која беше нападната и избодена со нож од нејзин колега лекар, попладнево почина на Клиниката за торакална хирургија за време на шестчасовната операција. Груевска - Угриновска во тешка состојба со повеќе телесни повреди во пределот на вратот и градите беше донесена во Ургентниот центар во Скопје. Шеесет и четири годишната Груевска Угриновска беше нападната денеска околу 10 часот и 30 минути и избодена со нож од 62-годишниот колега лекар М.Л. Докторот е приведен, а полицијата работи на утврдување на мотивот.