Германија против берзанските шпекулатори

Германските власти денеска им објавија соло војна на шпекулаторите на берзите, со цел заштитување на еврозоната и заедничката валута, јави новинската агенција „Ројтерс“. Во Германија преку ноќ била воведена забрана за продажба на одредени финансиски инструменти кои предизвикуваат нагли промени на пазарите, јави агенцијата. Германскиот канцелар Ангела Меркел испрати апел до лидерите на европските земји за засилен надзор на берзите и воведување на нови даноци. Меркел дополнила дека официјален Берлин е подготвен да дејствува сам, воведувајки нови забрани ирестрикции на активности кои наводно придонеле кон продлабочувањето на кризата во еврозоната.