Американската администрација изврши силен притисок врз Сенатот да ја ратификува спогодбата со Русија со која би бил намален арсеналот на нуклеарното вооружување на двете земји. Државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за одбрана Роберт Гејтс, на седницата на комитетот за надворешна политика, порачаа дека спогодбата е од витално значење за американските напори да влијаат на другите земји да не произведуваат атомско вооружување. Одобрението од Сенатот, за кое се потребни 67 од вкупно 100- те гласови, би се сметало за клучна политичка победа на претседателот Барак Обама на планот на надворешната политика.