Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот во Кабул

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 17 луѓе загинале, а пеесетина други биле ранети во денешниот самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на еден автобус на јавниот превоз во Кабул. Полицијата прецизира дека меѓу убиените имало и петмина војници на НАТО во Авганистан. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, прецизирајќи дека во автомобилот имало 750 килограми експлозив.