Хашкиот трибунал утре со конечни пресуди за Тарчуловски и Бошкоски

Хашкиот трибунал утре треба да ја соопшти пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за 12 годишната затворска казна за случајот „Љуботен“.Одбраната на Тарчуловски на последната јавна седница во Хашкиот трибунал побара тој да биде ослободен. Обвинителството смета дека акцијата во Љуботен била нелегитимна и преземена како одмазда за претходното убиството на десетмина припадници на безбедносите сили. Хашкиот трибунал утре треба да се изјасни и по жалбата на Обвинителството во однос на ослободителната пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.