Своевремено најбогатиот кинез казнет на 14 години затвор

Хуанг Гуангуи кој пред две години беше рангиран за најбогат човек во Кина е осуден на 14 години затвор за корупција и за нелегални бизнис зделки. Нему веќе му бил конфискуван имот од 20 милиони долари, а треба уште да врати околу 88 милиони долари. Гуангуи е основач на најголемата кинеска малопродажна компанија.