Црковните луѓе не се имуни на грев, вели Папата

Околу 150.000 верници денеска се собраа во Ватикан во знак на подршка за првиот човек на католичката црква. Папата Бенедикт Шеснаесетти се соочува со остри критики за начинот на кој се справува со педофилските скандали кои ја растресоа црквара. Насобраните денеска му ја потврдија подршката на Папата со транспаренти на кои пишуваше „Заедно со Папата“, „Ваша светост, Вие не сте сами“ и „Целата црква е со Вас“. Бенедикт шеснаесети, обраќајки им се на насобраните, рече дека „Црковните луѓе не се имуни на грев“.