Полицијата застрелала двајца демонстранти во Банкок

Тајландските вооружени сили застрелале двајца демонстранти во Банкок денеска, јавија медиумите. Во изминативе неколку дена 25 лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите облечени во црвени маици и вооружените сили. Вчера полицијата ги нападна популарно нареченитре „црвени кошули“ кои од март годинава протестираат против лошите социо-економски услови во Тајланд. Демонстрантите одвратија со молотови коктели и камења. Денеска властите најавија воведување полициски час во главниот град.