Русија ќе ја обележува својата територија на Арктикот

Русија летово ќе испрати експедиција на Арктикот со цел обележување на територијата на земјата. Првиот човек на експедицијата Владимир Соколов изјави дека членовите на „Арктик 2010“ ќе користат најсовремени апарати со кои ќе се создадат рељефни карти на Арктикот , по што ќе се обележат реоните кои Спаѓаат под руска територија. Се верува дека на Арктикот се наоѓаат 25 проценти од светските резерви на нафта.