Деветгодишното момче од Холандија кое ја преживеа авионската несреќа во Либија денеска пристигна во Амстердам, три дена по катастрофата во која загинаа неговиот брат и родителите, заедно со уште стотина други патници. Момчето за време на патувањето беше придружувано од неговиот доктор, чичко му и тетка му. Тие побараа од медиумите да му ја почитуваат приватноста на момчето.