Претседателот Иванов денеска организира лидерска средба

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска организира неформална средба за претседателите на најголемите партии во Република Македонија.
Како што соопшти денеска Кабинетот на Иванов, поканети се претседателите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани.
Неформалната средба ќе се одржи во резерватот Јасен.