Филип Гордон во Скопје

Помошник државниот секретар на Соединетите Американски Држави Филип Гордон денеска е во посета на Македонија. По средбата со лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, Гордон би требало да отпатува во Загреб каде ќе се сретне со премиерот Никола Груевски. Вашингтон е силно заинтересиран за одржување на политичката и безбедносната стабилност на Македонија и за успешно интегрирање на земјата во НАТО алијансата и за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија, рече Црвенковски по средбата со Гордон, додавајки дека Соединетите Американски Држави се заинтересирани за крајно решавање на спорот со името со соседна Грција.