Филип Гордон денеска ќе пристигне во Македонија

Американскиот помошник на заменикот на државниот секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Филип Гордон денеска ќе пристигне во Македонија. Гордон ќе се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Најавени се и средби со државниот врв и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Спoред соопштението од Стејт департментот, тема на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу САД и Македонија, како и други регионални прашања.