Совет на Европа - македонско претседателство

Зад затворени врати, претпладнето во Палатата на Европа во Стразбур почна 120. сесија на Комитетот на министри на која Македонија треба да го преземе претседавањето со Советот на Европа во следните 6 месеци.
Како што јави МИА од Стразбур, на седницата присуствуваат дваесетина министри од земјите – членки на Советот на Европа, меѓу кои, српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, како и алтернтивниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Приоритети на македонското претседавање, мегу другото, се зајакнување на заштитата на човековите права, негување на интеграцијата со почитување на разликите.