Пораст на американските и европските акции

Европските и американските акции забележаа најголем пораст годинава по одобрениот итен пакет помош од трилион долари за стабилизација на еврозоната. Порасна и еврото за три процента но потоа повторно се врати на 1,278 во однос на доларот. Пакетот од трилион долари е најголем заем од земјите на Европската Унија и ММФ од банкарската криза во 2008.