Експлозија на мина во Турција

Еден војник загина, а друг е ранет во експлозија на противпешадиска мина во округот Хакари, во југоисточна Турција. Експлозијата се случила во близина на градот Јуксекова. За сега нема официјални информации кој ја поставил мината. Во регионот е активна терористичката Курдска работничка партија, чии членови често пати користат мини за напад врз припадници на вооружените сили.