Црна Гора прва наредна членка на НАТО?

Помошникот на генералниот секретар на НАТО за безбедносна соработка и партнерство Роберт Симонс денеска оцени дека Црна Гора ќе биде првата наредна земја која ќе влезе во Алијансата. ,,Доколку ја исклучиме Македонија која поради проблемот со името на државата остана надвор од НАТО, Црна Гора може да биде лидер за своите соседи,, изјави Симонс за весникот Побједа.