Разговор Обама - Меркел

Американскиот претседател Барак Обама и германскиот канцелар Ангела Меркел денеска разговарале за европските финансиски пазари и важноста на возобновувањето на довербата на инвеститорите. Портпаролот на Белата куќа Вил Бартон рече дека телефонскиот разговор бил дел од постојаните ангажмани на американскиот претседател со европските лидери кои се насочени кон економска стимулација.