Средба на лидерите од еврозоната

Денеска претставници на 16 земји членки на еврозоната разговараат за создавање на фонд кој би ја заштитил заедничката валута. Минатата недела еврото бележеше рекордни загуби покрај американскиот долар, наводно поради стравувањата од негативни ефекти од грчката должничка криза. Како што беше најавено вчера, министрите за финансии од шеснаесетте земји кои го користат еврото како официјална валута денеска би требало да разговараат за создавање на фонд со кој би се гарантирала стабилноста на еврозоната.