Северна Кореа е за разговори за разоружување

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил изјави дека останува посветен на преговорите за нуклеарно разоружување на неговата земја. Говорејќи за време на неговата посета на Пекинг, тој рече дека Северна Кореја сака мирно решение на проблемот. Тој исто така наведе дека пријателството на неговата земја со Кина ќе остане непроменето. Северна Кореја ги напушти шестпартитните преговори во минатата година откако тестираше две нуклеарни бомби.