Меѓународната заедница бара итен политички дијалог во Албанија

Итен политички дијалог за надминување на моментата политичка состојба во земјата. Оваа порака, на шефот на албанската држава Бамир Топи му ја пренесоа амбасадорот на Шпанија Мануел Монтобио и Евро амбасадорот Хелмут Лохан. Тие оцениле дека состојбата е влошена по масовните протести на опозицијата и штрајкот со глад на пратеници и граѓани поради „злоупотреби“ на минатогодишните избори. Топи во текот на денот имаше средба и со американскот амбасадор во Тирана, Џон Винтерс.