Министрите од Г-7 за кризата во Грција

Министрите за финансии од Соединетите Американски Држави, Британија, Канада, Франција, Германија, Јапонија и Италија денеска ќе разговараат за последните информации за помошта за Грција. Состанокот на министрите од групата 7 најразвиени земји доаѓа откако Меѓународниот монетарен фонд вети дека ќе и даде 30 милијарди евра на Грција, додека Европската Унија треба да и позајми 80 милијарди евра.