Во Британија води опозицијата

Во Велика Британија започна броењето на гласачките ливчиња од парламентарните избори што се одржаа вчера. Според досега изброените ливчиња, опозициските Конзервативци освоиле 224 пратенички места, Лабуристите на премиерот Гордон Браун 168 и Либералдемократите засега имаат 36 пратенички места, пренесуваат новинските агенции. Централно десничарските Конезервативци се надеваат дека во Британија ќе дојде до промени и дека тие ќе ја преземат власта од Лабуристичка влада, која е на власт во последниве 13 години.