Бајден се обрати во Европскиот парламент

Соединетите американски држави и Европа не се поврзани заедничко наследство, но само нашите глобални интереси неминовно не` спојуваат, рече денеска американскиот потпретседател Џо Бајден при своето обраќање во Европскиот парламент. Унијата и САД заеднички се соочуваат со новите предизвици на 21 век, рече потпретседателот.
„Во овој век се појавија нови предизвици кои не се помалку опасни од оние во дваесеттиот век. Заедно се соочуваме со нив, еден по еден. Тешки се, ќе има несогласувања, но заедно се справуваме со нив“ рече потпретседателот.
За време на посетатата во Брисел, предвидено е Бајден да разговара со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен и со претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј.Утре Бајден заминува за Шпанија.