Македонија во чест на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 107 години од загинувањето на македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев. Во црквата Свети Спас во Скопје беше одржана панихида а цвеќе положија државниот врв, делегација на Собранието, на град Скопје и претставници на политички партии и институции. Свежо цвеќе положи и внуката на Гоце Делчев, Катерина Нурџиева. Во Собранието на Република Македонија ќе биде врачена наградата „Гоце Делчев“ - државно признание за значајни остварувања во областа на науката.
Годинашни добитници на наградата се проф. д-р Тодор Чепреганов, д-р Ѓорѓи Чакарјаневски, д-р Васил Јотевски и д-р Ванче Стојчев за трудот „Историски атлас на Македонија“, доц. д-р Златко Левков за трудот „Амфора во поширока смисла“ и проф. д-р Тодор Серафимовски за трудот „Генеза на рудни наоѓалишта“.