Рекордна продажба на „Ај-Пед“

Компанијата „Епл“ соопшти дека за еден месец продадени се еден милион уреди „Ај-Пед“, пренослив компјутер без тастатура, со екран осетлив на допир. Со тоа е надмината промотивната продажба на популарниот мобилен телефон на американската компанија „Ај-Фоун“. Рекордната продажба била достигната во петокот кога „Епл“ го промовираше новиот модел на „Ај-Пед“ кој има можност да се поврзе на 3Г мрежа. Првиот човек на компанијата Стив Џобс изјави дека побарувачката за новиот преносен уред веќе извесно време ја надминува понудата.