Забрана за бурката низ цела Европа ?

Покривањето на лицата на жените „отворено подржува вредности кои ние во Европа не ги споделуваме“ рече денеска европарламентарката Силвана Кох Мехрин, апелирајки за забрана на забулувањето низ целаЕвропа. Мехрин е шеф на германските слободни демократи во Европскиот парламент. Нејзината изјава следи откако во Белгија неодамна беше изгласана забрана за носење бурка. Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер денеска исто така рече дека очекува остри критики доколку Франција го забрани забулувањето.