Кај Качаник уапсени седум луѓе за илегална трговија со оружје

Во косовското село Беграц, во близина на Качаник биле уапсени седум луѓе, осомничени за илегална трговија со оружје, јавува МИА. Косовската полиција и КФОР при претрес на две куќи во селото пронашле одредено количество оружје и воени униформи. Косовската полиција не потврди дали апсењето било поврзано со вчерашниот оружен инцидент кај Блаце, каде што македонската полиција заплени поголемо количество оружје по престрелката со групата која го обезбедувала. Во акцијата, како што објавуваат косовските медиуми, биле ранети Авни Рустеми и Селман Цури од Косово, кои успеале да и побегнат на македонската полиција и да преминат на косовска територија. Двајцата се познати како членови на екстремистички организации.