Инциденти на демонстрациите во Атина

Демонстрантите и полицијата синоќа се судриле пред зградата на грчкото Министерство за финансии и во центарот на Атина. Полицијата во двата случаи употребила солзавец за да ја растера толпата. Неколку стотици демонстранти протестираа против мешањето на Меѓународниот монетарен фонд во Грција. Инцидентот се случил откако демонстрантите поминувале покрај зградата на Парламентот и фрлале пластични шишпиња кон полицискиот кордон. Вториот судир меѓу полицијата и демонстрантите се случил на митинг организиран од просветните работници.