Ставрески: Грчката криза може да влијае на Македонија

Евентуалното затворање на границата заради штрајкови или социјални немири во Грција, секако ќе има влијанаие врз обемот на трговијата. Инвеститорите од Грција во вакви времиња гледаат каде имаат најниски трошоци за да продолжат со бизносот. Тие трошоци се многу пониски во Македонија отколку во Грција, рече денеска министерот за финансии Зоран Ставрески, изразувајки надеж дека грчките инвеститори ќе останат во Македонија. Перцепцијата на инвеститорите за Грција, но и за целиот регион се влошува и тоа секако неможе да е позитивно за Република Македоонија, додаде министерот.